Несекојдневна гледка: Жед за вода!
Велат вода е живот и му е неопходна на секого. И на луѓето и на животните, на сите што се жедни. Таков еден пример забележавме денеска. Имено, од малата фонтана со водоскок на улицата „Благој Ѓорев“, во близина на кружниот тек во новиот дел на Велес, жетдта од зголемените температури и топлиот пролетен ден со голтки вода ја угасија неколку граѓани но и едно поголемо бездомно кутре. Пред очите на минувачите, кучето откако ги почека граѓаните со предните нозе се исправи на фонтаната и полека почна да пие вода. И тоа ја угаси жедта и потоа полека и тивко, исто како што се исправи, така слегна и зачекори по тротоарот за да замине кон згради што се наоѓаат во блиската околна.
Глетката додека жедното куче пиеше вода ја коментираа неколкумина граѓани што во тој момент седеа на клупите под дрворедот од липи.
„Тоа мора да било нечие домашно љубимче кое сега е напуштено. Видовме сите како молкум ги почека граѓаните кои претходно се напија вода за потоа кога фонтаната остана без луѓе тоа исто како некој човек се дигна на две нозе и пиеше од водата. Откако се напи вода спокојно си замина од главната улица. Благословено од Господа е вода да се даде и на најголем душман, а не на добри луѓе или пак животни“, рече наш сограѓанин кој забележа дека го извадив фотографскиот апарат и ја фотографирав глетката.
Не слушнаа и дел од возрасните сограѓани кои седеа на клупите покрај фонтаната. Дел од нив со чудење коментираа како може бездомно куче да биде толку паметно, да се напие вода, како човек, и без на некого да му се „закани“ да си замине. Еден повозрасен сограѓанин рече:
„Жедта ги прави и луѓето и животните да бидат добри! Кога сите луѓе, како ова куче, би биле вака добри, градот би ни цветел!“.
Друг сограѓанин стана од клупата, се доближи до фонтаната и почна со вода да ја мие чешмурката на водоскокот. Сосема кратко искоментира дека сепак треба да бидеме претпазливи и дека овие чешмички треба да се мијат и дезинфицираат по неколку пати во текот на денот затоа што од нив вода пијат и граѓаните и бездомните животни./ С.А.