Ново возило за потребите на Општина Чашка
Објавено на 26 август, 2021 во 13:43
Денеска Општина Чашка дови ново возило за потребите на граѓаните по населените места. Со новиот трактор со приклучна механизација , приколка, ќе стопанисува ЈПКД „Тополка“. Во најбрзо време се очекува да стигне и дополнителна опрема односно плуг за чистење на снег.
Градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски, порача дека локалната власт посветено ќе продолжи да се труди да го обновува и модернизира возниот парк во Општина Чашка, со цел да се подобрат условите за живот на граѓаните.
Набавката на новото возило, трактор, е во вредност од 760.000 денари обезбедени од Бирото за регионален развој.
Стефани Манева