Граѓаните собраа пари за казната на Милорад Георгиевски
Објавено на 2 март, 2016 во 13:03
Организирани преку социјалните мрежи бројни граѓани денеска во едно кафе во Скопје собраа доволна сума на пари за да му ја платат казната на Милорад Георгиевски, јави Телма.
Тој во сторијата на Телма рече дека нема иако го молел судијата да не му изрекува казна повисока од неговата пензија, судот го казнил со 150 евра.
Причините за казната се дека Георгиевски продавал на пазар 15 коприви и 20 марули, од што тој обезбедувал средства за да си ги плати сметките за комуналии.
Неговиот телефон постојано ѕвони и граѓани од земајата и од странско кои се револтирани на ваквата судска одлука му нудат помош.