Најавен игран филм за цртаниот лик Дора истражувачката
Објавено на 3 мај, 2018 во 09:57
Продукциската куќа Парамаунт Пикчрс ја најави филмуваната верзија на цртната серија „Дора истражувачката“, со младата глумица Изабела Монер во насловната улога.
Монер претходно, поточно ова лето ќе ја видиме во продолжението на воениот трилер „Сикарио“.
Сценариото за „Дора“ го напиша Ник Столер, познат како режисер и сценарист на „Мапет Шоу“. А пак, режисерската палка му припадна на Џејмс Бобин.
Филмот е се уште во претпродукција, а премиерата е закажана за 19 август 2019 година.