Реклами во самовозечките возила – бизнис вреден милијарди!
Се предвидува дека воведувањето на самовозечките автомобили во сообраќајот ќе донесе огромна заработка во областа на продажба на стоки и услуги.
Приходите што се поврзуваат со индустријата на „автомобили без возачи“ до 2030 година на глобално ниво ќе изнесуваат 2,3 милијарди долари, проценува UBS, а 70% од заработката се однесува на продажба на стоки и услуги директно на „возачите“ кои во автономните возила ќе бидат само обични патници.
UBS предвидува дека услугите за „самовозечките такси возила“ ќе вредат 1,2 милијарди долари годишно.
Уште една стопанска гранка што ќе профитира од воведувањето на автономните возила во сообраќајот е адвертајзингот, односно рекламирањето во автомобилите.
Кога еден ден возењето ќе биде роботизирано, возачите веќе нема да бидат зафатени со управување и ќе станат идеални за целно рекламирање на производи и услуги додека се возат.
Се проценува дека рекламирањето во самовозечките автомобили годишно ќе донесе 472 милијарди долари заработка на глобално ниво.
Меѓу компаниите што ќе имаат најмногу корист од овој вид на превоз е сопственикот на IT гигантот Google – конгломератот Alphabet, за кој се проценува дека ќе капитализира околу 60% од вкупната заработка поврзана со „автомобилите без возачи“.