Претрес во дом на велешанец и одземени марихуана и куршуми
Објавено: 18 ноември, 2021, во 12:08 часот
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, во вторникот, 16 ноември, во 10:00 часот го лишеле од слобода триесет и две годишниот П.Т од Велес.
-При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и куршуми калибар 14,5 мм, соопштија од Министерство за внатрешни работи.
Велешанецот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


