Малолетник физички нападнат во Кавадарци
Објавено на 1 декември, 2021 во 12:35
Во ОВР Кавадарци, педесет и едно годишната М.Ч пријавила дека на 30 ноември, околу 07:40 часот на улица „Киро Крстев“ во Кавадарци, нејзиниот 17 годишен син бил физички нападнат од дваесет и пет годишниот Д.Р и неговиот врсник Д.С од Кавадарци.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева