Подароци за децата во детските градинки  во регионот  од „Дрекслмајер“ Македонија

Објавено на 9 февруари, 2022 во 15:47

Воспитно–едукативни средства за градинките од регионот „Дрекслмајер“ им подари играчки, дидактички и надгледни средства на дечињата од неколку градинки во Кавадарци. Странската компанија  ги израдува дечињата од неколку градинки во регионот со играчки и дидактички и надгледни средства кои ќе помогнат во остварувањето на образовниот процес.

Градинките „Рада Поцева“ од Кавадарци, „Фемо Кулаков“ од Неготино и „Наша иднина“ од Прилеп, на голема радост на дечињата, новата година ја започнаa со нова рекреативна и едукативна опрема која е подарок  од „Дрекслмајер“ додека престојуваат во градинка. Децата треба да имаат чувство исто како да се дома, а воспитниот процес да се одвива преку игра. Покажувајќи колку децата се важни за возрасниот свет оваа компанија  како и многупати до сега, повторно ги поддржа градинките од регионот.

„Една од најважните задачи во воспитно – образовниот процес е поттикување на детскиот развој преку едукативни игри и активности. На ваков начин сметаме дека ќе придонесеме за унапредување и поддржување на работата на детските установи за предучилишна возраст. Вложувањето во најмалите, значи вложување во нашата иднина“, вели Лукас Мирингер, генерален директор на „Дрекслмајер“ Македонија.

 Децата со широки насмевки и голема радост ги дочекаа подароците. Благодарност до компанијата изрази и воспитниот кадар во градинките.

 „Навистина сме среќни што компанијата се грижи и преку вакви донации го поттикнува развојот на најмалите и придонесува за поквалитетен третман на дечињата што пак води до поголем степен на хуманизација на општеството“, вели Цана Добринова, директорка на градинката „Рада Поцева“ во Кавадарци.

Од „Дрекслмајер“ Македонија соопштија дека  продолжуваат да ја следат својата стратегија за општествена одговорност преку иницирање и организирање бројни активности заедно со своите вработени, а во насока на подобрување и унапредување на условите во регионот кадешто делува.

Ангел Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.