Oдлични ученици заминуваат на бесплатно летување
Дваесет ученици од семејства со понизок економски статус од утре до 3 август ќе летуваат во одморалиштето Михајлово. Шеста година по ред Општинскиот Совет за превенција од малолетничко престапништво на град Кавадарци ќе го организира летниот камп Михајлово 2018.
Целна група на овој проект на Советот се 20 малолетници од основните училишта во Кавадарци на возраст од 12-15 години, со понизок економски статус на нивните семејства, меѓутоа дечиња кои покажуваат одличен или многу добар успех во учењето.
„ Со овој проект Општинскиот Совет за превенција секоја година наградува по 20-тина дечиња кои доаѓаат од сите основни училишта, а истовремено сака да ги стимулира останатите ученици да продолжат со одличниот успех и да останат настрана од лошите пороци“ рече секретарот на Советот Костадинка Лалкова.
На овој летен камп децата ќе бидат под менторство на стручни лица и секојдневно ќе имаат програма за работа и планирани забавни активности. – Оваа година одржувањето на летниот камп Михајлово 2018 година го помогнаа Општина Кавадарци, Метал Апостолов, Слога, Кожувчанка, нотарска канцеларија на Нотар Пане Нацев и АС Машини.
„До сите донатори изразуваме благодарност, а на сите учесници на кампот им посакуваме убаво да си поминат и на есен да продолжат со одличниот успех во учењето, рече Лалкова./A.Д