Последната сезона на „Game of Thrones“ доаѓа во првата половина на 2019 година
Минатата година фановите на серијата „Game of Thrones“ добија лоши вести: последната сезона, кулминација на сите настани, ќе биде одложена за 2019 година. Но сега веќе има конкретна информација што точно значи „2019“.
Седмата сезона ќе биде објавена во „првата половина“ на следната година. Ова го објави Кејси Блојс од HBO за време на прес-конференција на Здружението на телевизиските критичари. Повеќето од претходните сезони започнуваа во март или април, па претпоставуваме дека и сега тоа ќе биде случај.
„Нема да издавам што ве чека, но е прилично страшно“, прокоментира Блојс.
Детали се појавија и околу поврзаната со „Game of Thrones“ друга серија која се подготвува во моментов и кој ќе биде „prequel“ на настаните во Вестерос. Излегува дека гласините дека неговите снимки ќе започнат оваа година не се вистинити.
„Не знам од каде дојде оваа информација, но се надеваме дека ќе почнеме да снимаме во почетокот на 2019 година“, изјави Блојс. Имајќи предвид дека продукцијата сѐ уште нема ниту режисер, ниту одбран кадар, тоа звучи сосема логично.
Таква е судбината на фановите на телевизиската емисија, но можеше да биде и полошо – може да чекате Џорџ Р.Р. Мартин да ги заврши „Winds of Winter“ и „A Dream of Spring“, двете книги од серијалот „Песна за оган и мраз“.
Фановите ја чекаат шестата книга од 2011 година.