Честитка на Путин за жените : „Вие сте доброто и убавото на овој свет“ ( ВИДЕО)
Претседателот на Русија Владимир Путин им го честиташе на сите припаднички на поубавиот пол Меѓународниот ден на жената 8 март со зборовите дека токму во достоинството и добрината на претставничките на поубавиот пол се гледа душата на Русија.
„Драги жени, срдечно ви го честитам Меѓународниот празник на жената. Овојпразник во Русија се одбележува со посебна топлина, како никаде во светот. Тој е исполнет со подароци и цвеќиња, најдобри чувства кон нашите мајки,жени, ќерки, колешки – сите жени блиски до нашето срце“, вели Путин во својот говор посветен на жените.
Рускиот претседател истакна и дека мажите во Русија се гордеат со своите жени и дека ги сакаат.
„Жените ни даваат живот, нѐ греат со своите љубов, поддршка и грижа. Токму во жената, во нејзиното достоинство и во добрината се гледа вистинската душа на Русија. Вашата душевна сила, вашите подвизи, нѐ научија да бидеме вистински мажи, да победуваме и покрај сѐ. Современите жени успеваат сѐ, да го достигнат врвот во професијата, во креативноста, во општествената работа, да создаваат радосна и удобна атмосфера во семејството да ги воспитуваат децата. Вие, драги наши жени, владеете со несфатливата тајна: да стигнете сѐ, да излезете на крај со огромниот товар грижи и во сето тоа да останете нежни, впечатливи, заводливи. Вие на овој свет му го носите доброто и убавото, светлината и надежта. Се гордееме со вас и ве сакаме“, го заврши својот говор претседателот на Русија.
Овој ден Обединетите нации го сметаат за Меѓународен ден на правата на жената и меѓународниот мир.
Овој празник се појави на почетокот на 20 век како ден на солидарноста меѓу жените работнички кои се бореа за еднакви права и еманципација.
Видеото погледнете го тука.
Извор: МКД