Снимена засега најдобрата фотографија од чудовиштето од Лох Нес
Одмарајќи се покрај езерото Лох Нес во Шкотска, девојче снимило фотографија, на која е забалежано чудовиштето од непосредна близина.
На првиот ден од летувањето со родителите во шкотска, 12-годишно девојче Шарлот Робинсон направило фотографија која повторно ги поттикна приказнаите за чудовиштето од Лох Нес кое со години ги интригира криптозоолозите, пишува британски „Метро“.
Откако оваа фотографија се прошири на интернет, многумина се уверени дека непознатиот објект на сликата навистина е чудовиштето од шкотското езеро, кое по првата проценка, девојчето го снимило на оддалеченост од 15 метри.
„Го фотографирав она што го видов. Тоа суштество имаше догл врат и глава која имаше облик на јадица. Беше црно – не знам колку далеку беше одовде, затоа што не можев да проценам добро“, вели Шарлот.
Таа вели дека тоа за една минута исчезнало па се појавло на друго место.
Стручњакот Стив Фелтам, кој се обидува да ја реши мистеријата на Лох Нес последниве 27 години, вели дека е возбуден од фотографијата.
„Во водата се гледа цврсто тело, и јасно дека нешто има во езерото. Можеби постои објаснување дека фока, но не сум чул за фоки во Лох Нес. По мое мислење поголемо е од видра или фока.“, вели тој.
Криптозоологот Фелтам, кој живее на брегот на Лох Нес, наведува дека оваа слика ја чекале со години, и дека тоа е доказ оти во езерото има мистерија што треба да се одгатне.