Бездомник и помогнал да најде засолниште кога го пропуштила последниот воз
Никол Седгебер (21) неодамна го пропуштила последниотвоз кој одел кон нејзиниот дом и не знаела што да прави – сепак, било доцна за една млада девојка да биде сама на улица.
Следниот воз тргнувал веќе наутро, а вратата од станицата била затворена, па така не можела да се засолни некаде на безбедно. Поради очајот, Никол се расплакала и не можела да поверува дека нема туку така да си замине дома.
Младата девојка се нашла во многу непријатна ситуација. Се напила неколку пијалaци, а била во дел од градот кој не го познавала добро.
Но, потоа одненадеж се појавил бездомникот Марк кој се погрижил Никол да биде на безбедно место до тргнувањето на возот. Ја одвел до едно кафуле кое работело цела ноќ за да биде сигурен дека е безбедна. Кога ја сместил и ѝ порачал кафе, се свртел и си заминал, но ѝ ветил дека повторно ќе ја испрати назад до станицата.
Не била целосно сигурна во тоа, па му се заблагодарила и го поздравила. Но, Марк се вратил и ја испратил до возот, се уверил дека безбедно се сместила, ѝ мавнал со раката, се свртел и си заминал.
Штом пристигнала дома, Никол објавила на својот профил на Фејсбук негова фотографија и ја раскажала својата приказна. Таа сакала луѓето да знаат дека не се сите бездомници исти и дека постојат и такви кои ќе ви помогнат.
„Мажот кој сигурно би избегнувала да го погледнам, сосема го промени моето негативно мислење за бездомниците. Марк, ти си многу посебна личност. Кога го прашав зошто го направи тоа, ми рече дека тоа е должноста на еден татко“, напишала Никол под фотографијата.
Извор: Плусинфо.мк