Јавна расправа за демократизација и децентрализација на јавните простори и јавните добра преку нов модeл на институција на јавно-цивилно партнерство во културата во Велес
Како последна планирана активност од проектот „УЧЕСТВУВАМЕ, ЗАСТАПУВАМЕ, МЕНУВАМЕ – демократизација и децентрализација на јавните простори и јавните добра преку нов модeл на институција на јавно-цивилно партнерство“ во Ликовниот во Велес во средата на 12 декември се реализираше Јавна расправа во Велес.
Целта на проектот е да ги претстави процесите на застапување во рамки на овој пионерски модел инициран во Скопје.Тој се реализира со серија на јавни презентации, работилници, културни интервенции и дебати. Во исто време започнат е и процес за развивање на модели за формирање на културно–општествени центри во Битола, Велес, Тетово, Охрид и Струга во кој се утврдуваат локалните специфични потреби на граѓаните.
На овој начин проектот ќе овозможи зацврстување на позицијата на граѓанските организации во културата и поширокиот граѓански сектор на локално ниво и ќе придонесува кон процесите за демократизација и демонополизација на јавната сфера.
Прв резултат што проектот го постигне е создавање на институција „ЈАДРО“ чиј партнер е скопската општина Центар со обезбеден простор за функционирање во објектот на Урбаната заедница „Дане Крапчев“. По овој пример започнат е и процес во Охрид и Битола.
Проект се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура на РМ. /У.Ј