Сливата и нејзината улога во човековото здравје
Сливата кај нас ја има во различни видови, бои, големини, вкусови. Која и да ја одберете нема да згрешите бидејќи сливата се наоѓа на листата на најздрави и најбогати со антоксиданси овошја кои можат да се најдат на нашиве простори.
Од сливите може да се направи мармалад, слатки, да се јадат зашеќерени, во торти и колачи и уште стотина начини. Сепак, сливата е најдобро да ја јадете свежа.
Во 100 грама слива просечно има 87 % вода и 11 % јаглени хидрати, а останатото се растителни влакна. Од витамини тие најчесто имаат Ц, Е, бета каротен и фолна киселина. Корисна е за превенција од многу заболувања, срцеви проблеми, маснотии во крв, а се смета дека има и антиканцерогени ефекти. Од минералите најмногу поседува калиум, калциум и магнезиум.
Тие се одлична замена за појадок бидејќи се полни со енергија и корисни нутритиенти. Еве еден рецепт според кој многу познавачи е одличен за појадок на база на слива:
Земете едно шишенце јогурт, неколку сливи, излупете, исечкајте ситно и ставете ги во него, по желба додадете и лажичка мед.
Ова е супер енергетска бомба за целиот ден.