Бура ја погоди Шведска, илјадници домаќинства без струја и прекин во сообраќајот
Објавено на 2 јануари, 2019 во 10:18
Повеќе од 100.000 домаќинства се без струја во среда наутро откако силна бура ја погоди Шведска.
Бурата Алфрида предизвика проблеми во сообраќајот, паднати дрвја ги блокираа патиштата, а не сообраќаат ни траектите.
Јужните шведски региони, Свеланд и Готланд, се најмногу погодени од силни ветришта во вторник вечерта, кои продолжија и утрово, додека Норланд помина полесно.
Предупредувања за силно невреме објавени се во источена Свеланд, делови од Стокхолм и Упсала, како и на островот Готланд.
Спасувачките сервиси и Шведското транспортно друштво испратија свои екипи да ги отстрануваат паднатите дрвја од патиштата. Сепак, до утрово не биле пријавени случаи на повредени луѓе поради невремето.
Авионскиот превоз не е во прекин поради невремето.