Физички нападнат маж од село Јаболчиште
Објавено: 30 август, 2022, во 11:27 часот
По кратка вербална расправија дваесет и едно годишниот М.А од село Јаболчиште, општина Чашка, околу 18:10 часот позади угостителски објект на улица „Л. Осмаков“ бил физички нападнат од страна на Р.Т, таткото на неговата невенчана сопруга.
М.А случајот го пријавил во Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, 29 август. Оттаму информираат дека се работи на расчистување на случајот.
Стефани Манева



