Празот – го намалува крвниот притисок
Празот обилува со хранливи и лековити материи – содржи големи количества минерални материи и витамин Ц.
За разлика од кромидот и лукот, празот се употребува цел, и тоа не само како зачин, туку и како самостоен зеленчук. Тие масла делуваат благотворно на дишењето и пробавните органи, бубрезите, џигерот, крвта и крвните садови. Кај употребата на празот се препорачува да се користи целиот праз и белото стебло и зеленото лисје. Лисјата најчесто се избегнуваат, но содржат неколку пати повеќе танини отколку белиот дел.
Овие се некои од здравствените предности
– При зголемената штитна жлезда се препорачуваат топли облоги од варениот праз.
– Празот помага и кај искашлувањето, ја смирува кашлицата и благотворно делува на зарипнатост, воспаление на белите дробови и астма.
– Ја намалува зголемената количина на мочната киселина, холестеролот и маснотијата во крвта
– Празот ја подобрува циркулацијата на крвта и помага кај артеросклерозата и воспалението на вените.
– Го подобрува апетитот и ја поттикнува работата на системот за варење и цревата.
– Празот поттикнува подобро да работаат бубрезите и излачувањето на урината, па помага кај болката во бубрезите и бубрежните камчиња.