ВМРО ДПМНЕ: Со Договорот од Преспа се менува и македонскиот идентитет
Објавено на 18 јануари, 2019 во 09:46
Писмото на Димтров до грчкото Министерство за надворешни работи, уште еднаш потврдува дека со Договорот од Преспа не само што се менува уставното име туку се менува и македонскиот идентитет, се брише и јазикот, историјата и културата. Со други зборови Заев и Димитров се откажаа од се што е македонско, сметаат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Законот за јазици, промената на уставното име не беше дел од програмата на СДСМ, но беа дел од концесиите на Заев. Македонската држава е заложник на хипотеките на Зоран Заев, хипотеки и концесии дадени со единствена цел доаѓање на власт иако мнозинството македонските граѓани не му ја дадоа довербата“, се додава во соопштението.