(ВИДЕО) Менаџерката на македонската компанија на корпорацијата „Ронтис“ прва добитничка на статуетката на Бордот на директори, наградени и пофалени работнички
Колку години лојалност кон фирмата толку илјади денари повеќе вредеа ваучерите што во саботата, на 9 февруари, во хотел Гарденија во Велес, ги добија како награда вработени во ДПТ „Ронтис“ ДООЕЛ Велес. По единаесет години вкупно 80 работнички и работници се веќе добитници на парични награди. Нив ги делеа сопствениците на компанијата кои дојдоа од Грција и Швајцарија за да присуствуваат на традиционалната годишна средба со вработените.
Честа годинава за прв пат да ја прогласи добитничката на наградата на годината, што мултинационалната корпорација ја востанови, која се состои од статуетка ја имаше менаџерот од Бордот на директори, Василопулис. Во кусото обраќање пред вработените тој се заблагодари за нивниот ангажман во работниот процес и постигнатите резултати и неколку пати повтори дека се гордее што сите се дел од едно семејство во кое се отворени да примат нови членови.
-Оваа награда започнува со номинација од сменоводителките, потоа предлозите доаѓаат кај госпоѓата Костадинова за потоа процесот да расне и да оди кон повисоко ниво во кое се вклучува менаџментот на македонската фирма која е дел од корпорацијата. Годинава предлогот требаше да го потврди менаџерката Бојана Димова и таа тоа го стори и ни го испрати предлогот нам, на Бордот но ние не го прифативме со образложение дека дополнително ќе одлучиме дали ќе има некој награден. Бордот на корпорацијата годинава за оваа прва статуетка донесе одлука да и ја додели за напорот, убавата насмевка и вложениот труд на Бојана Димовска, рече Василопулос.
Тој и ја врачи статуетката на менаџерката на македонската фирма на корпорацијата со зборовите: „Бојана, те почитуваме, цениме, поддржуваме и сакаме“ кои кај Димовска предизвикаа изненадување, многу емоции и исто така солзи.
{vembed Y=Gp3-1mUpaEs}
– Ви благодарам на овие убави зборови но сакам да знаете дека ништо не ќе можеше да се случи без Вас, рече Димовска.
По официјалниот дел за сите вработени во македонската фирма на мултинационалната корпорација „ Ронтис“ беше организирана забава./У.Ј