Автобусот на „Дурмо турс“ бил осигуран, ќе се плака отштета
Осигурителната компанија „Еуросиг” потврди дека автобусите и патниците на „Дурмо турс” биле осигурени кај нив и дека по трагичната автобуска несреќа повредените патници и семејствата на загинатите ќе добијат соодветни оштети.
За повредените ќе се исплатат по 4.500 евра, а за семејствата на настраданите до 9.000 евра. Оштетата ќе се врши според возраста и случаите, според законските прописи.
Повредените и семејствата на жртвите во несреќата од 13 февруари кај село Ласкарци треба да ги обезбедат потребните документи и да ги достават во осигурителната компанија Еуросиг за да добијат оштета. Овој повик го упати директорот на компанијата Еуросиг. Тој изрази сочувство до семејствата на настраданите. Вкупната сума изнесува 675 илјади евра“, додава Моринај.
Автобусот на компанијата „Дурмо Турс“ имал осигурување и според законот, во случај на несреќа, на патниците им следува оштета.
Услов за се ова е да заврши и полициската истрага, од која засега и покрај тоа што возачот е жив , и даде неколку искази , нема никаква информација што се случило дали станува збор за дефект или за човечка грешка. Соптвеникот на „Дурмо турс“ во изјава веќе го обвини возачот дека вината е во него а дека автобусот му бил исправен. Од истрагата засега молк.