Пожар пеплоса трошна куќа во месноста Врналиите во Велес
До темел изгоре денеска трошна куќа на улица Благој Јосмов во Велес, во месноста Врналиите. Експлозија од стар телевизор била причината за пожарот во домот на велешанката Марија Гуцева, која сама живеела во куќата. Таа претпаднево околу 11.30 часот го вклучила телевизорот кој веднаш експлодирал. Испаничена и преплашена, кога жената видела чад во собата истрчала надвор од домот и побарала помош од соседите. За кратко време по чадот избувнале пламените јазици и ја зафатиле целата куќа. Кога пристигнавме на местото на пожарот Марија беше видно вознемирена и низ плач ни раскажа како се случила несреќата.
„Си пиевме кафе со керка ми и наеднаш нешто пукна. Експлодираше стариот телевизор што не го употребув и наеднаш видов чад и беше многу темно. Едвај излеговме надвор заедно со ќерка ми. Добро е што таа од црква дојде кај мене. Ако беше ноќ немало да сетам и ќе сум изгорела,“ рече Гуцева.
Соседите ја сапсуваа Марија од огнот. Младите момчиња, пожртвувано влегуваа во собите на куќата во кои беснееше огнот. Без страв се обидуваа да извадат од внатре се што може да се спаси. Се разбира грижата за преплашената старица која едвај спаси жива глава им беше приоритетна. Првата соседка на Марија ја згрижи во својата куќа и веднаш повика Брза помош. Лекарите дојдоа брзо, ја прегледаа жената и и дадоа соодветна терапија.
Инаку соседот Ристо беше најприсебен. Тој прв влегол во куќата што огнот ја пеплоса.
„Викна по мене јас одма истрчав влегов внатре и имаше само чад, усепав да ги исклуичив осигурачите викнавме пожарна и луѓето стасаа навреме. НМо стара куќа е и брзо гори. Куќата беше со многу стари греди и тие брзо попчнаа да горат, рече Ристо Велковски.
За среќа брзата интервенција на пожарникарите од ТТЕ Велес спречи огнот да се прошири на соседните куќи. Со три противпожарни возила цистерни успеаја за два часа да го локализираат огнот. Сега таму се обезбедува местото и се контролира за да не се разгори огнот повторно. /Д.С