Пролетните алергии решете ги со помош на алтернативна медицина
Пролетта за најголем дел од нас е вистинско задоволство, но сепак оние кои имаат пролетни алергии не се радуваат толку на оваа сезона. Од година во година бројот на луѓето кои страдаат од пролетна алергија се зголумува. Како да си помогнеме на природен начин?
Коприва
Копривата е позната по тоа што ја прочистува и обновува крвта. Содржи витамин К, каротен и кверцетин. Во борбата против пролетните алергии најдобро е да се конзумира како чај од коприва.
Мајчина душичка
Позната е по тоа што помага при проблеми со грлото и белите дробови, лечи кашлица, но мајчината душичка се покажа и одлична во борбата против алергиите. Одлична е во комбинација со чајот од коприва.
Домашен мед
Пчелите собираат нектар од цвеќињата и потоа од него се прави мед. На тој начин во телото внесуваме алергени. Со избор на домашен (а не индустриски) мед ќе ја намалиме алергиската реакција и ќе го подобриме имунитетот.
Прополис
Се покажа како природен антибиотик во борбата против алергиите. Пожелно е превентивно да се зема месец или барем половина месец пред да настапи зрелата пролет.