Google става крај на Youtube Gaming
Google официјално потврди дека става крај на апликацијата YouTube Gaming, која нема да биде достапна за корисниците од 30-ти мај.
Причината за одлуката на компанијата, сепак, не е поврзана со откажување од гејмерскиот сегмент. Google потврди дека сите гејминг содржини, достапни во апликацијата за мобилни уреди, се уште ќе бидат достапни на YouTube.
Нивните планови предвидуваат да изградат уште поголем екосистем на љубители на игри во самиот видео сервис. Запирањето на YouTube Gaming ќе ги фокусира напорите на Google да привлече повеќе љубители на игрите кон YouTube, како и да ја претвори во поатрактивна платформа за гејмерите. Официјалната премиера на YouTube Gaming беше пред четири години, кога амбициите на компанијата беа да го претвори во посериозен конкурент на Twitch. Во ова време, Google направи многу напор да го смени интерфејсот и да го ажурира со многу нови функции и оригинална содржина.
На пример, во септември 2018 година, беше претставен новиот гејмерски хаб во YouTube Gaming, соопшти Polygon. Постоењето на дополнителна апликација за игри, го отежнува откривањето на содржината на самите автори. Google веќе ја повлече апликацијата од својата онлајн продавница,
како и од App Store.
Интеграцијата на гејмерски содржини директно во YouTube ќе ги направи авторите поизразени за другите корисници и ќе им дозволат да ја зголемат својата публика.