Кривична пријава против двајца велешани кои фалсификувале пари

Објавено на 5 јуни, 2023 во 10:09

Сектор за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против двајцата велешани, дваесет и едно годишниот Д.Р и една година повозрасниот В.М, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

-На 22.05.2023 во Велес, пријавените со употреба на скенер-принтер, фалсификувале банкноти-денари и ги пуштиле во оптек како вистински. При извршен претрес во нивните домови, одземени се скенер-принтер, компјутер и две банкноти од по 100 денари и една од по 1000 денари, соопштија од Министерство за внатрешни работи.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.