Леблебија
Ова врста на мешунки е одличен извор на протеини и железо. Содржајот на калциум и калиум во листот на леблебијата е многу поголем од спанаќот и зелката, додека содржајот на железо, цинк, бакар е приближно ист.
Го намалува холестеролот – во овие мешунки има и магнезиум, кој е клучен фактор за регулирање на притисокот, контролирање на работата на срцето, врзување на калциумот за коската, како и намалување на нивото холестеролот. Леблебијата има низок гликемиски индекс, така да можи да поможи во стабилизацијата на нивото на шеќерот во крвта. Леблебиите лесно се варат и помогнуваат кај проблеми со пробавниот систем и на луѓе кои патат од синдром на иритабилно црево. Доколку редовно се јадат, ова мешунка можи брзо да го намали холестеролот.
Рецепт за хумус
Хумус е намаз од леблебија. Прелиен со маслиново масло можи да седи и до 15 дена во фрижидер.
СОСТОЈКИ 300 грама сирови леблебии, 3 лажици таан ( паста од сусам ), сок од 2 лимони, сол, црна пипер, маслиново масло, црвена пипер по потреба
ПОДГОТОВКА
Потопете ги во вода леблебиите, и оставете ги така цела ноќ, а утре варете ги во водата додека не омекнат. Кога ќе се сварат, исцедете ги, но сочувајте ја водата каде што се вареа леблебиите. Сварените леблебии ставете во миксер и додадете сок од еден лимон, 3 лажици маслиново масло и 3 лажици таан ( паста од сусам ), Водата во која што се вареа леблебиите додавајте малку по малку, така да миксер можи да работи, но да не биде премногу ретко. Треба да има густина како компир пире, смесата истурете во некој подлабок сад, наросете малку црвена пипер и прелијте малку со маслиново масло, за да не се суши. Маслиновото масло ќе ја сочува свежината на хумусот. По желба можете да додадете и лук