По мост „Гемиџии“ во Велес, ноќва, нема да се одвива сообраќај
Ноќва, среда 24 јули, од 22 часот до утре, четврток 25, до 05 часот нема да се одвива сообраќај по улицата Илинденска и мостот Гемиџии во Велес. Забраната е поради замена на постоечката со нова атмосферска решетка, нова рамка и ново бетонирање на коловозот на спојувањето на улицата Илинденска со мост Гемиџии за да се подобрат условите во одвивањето на сообраќајот.
Освен Општината, ноќеска, таму ќе работат и работници на ЈП Македонски железници – Инфраструктура. Тие во центарот на Велес, на овој дел на железничката пруга Скопје – Гевгелија ќе вршат реконструкција на самото спојување на линијата со улицата.
– Предвидено е до утре, четврток, до 5 часот наутро да завршат сите градежни работи. Вечерва од 22 часот сообраќајот ќе биде комплетно во прекин додека денеска се одвива по една коловозна лента, наизменично се пропуштаат возилата во двата правци на Илинденска, по мостот Гемиџии за да стигнат на улицата Димитар Влахов или обратно, рече Весна Смилева соработник во одделението за комунални работи на Општина Велес.
Полицијата го регулира сообраќајот за да може непречено да се реализираат градежните работи. Таму ќе остане и ноќеска. Велешани со автомобили наместо по Гемиџии, ноќва,за да стигнат од едната на другата страна на градот преку Вардар, ќе треба да го користат Стар Мост./У.Ј