Заев: Ќе продолжиме со поголем интензитет да ги опремуваме противпожарните станици, да ги доекипираме и технички опремиме
После големте катастрофи, со размери како на „Езеро Младост“, општините ќе мораат да ги менуваат своите приоритети усогласени со преоритетите на извршната власт. Приоритети морада им бидат граѓаните и животната средина. Владата ќе продолжи да го поддржува јакнењето на капацитетите на општините кои посебно внимание ќе треба да им посветат на противпожарните единици. Откако пожарникарите блок дотациите започнаа да ги добиваат од Министерството за одбрана наместо од МВР сега ќе следи нивно јакнење преку доекпрање и опремување со заштитни одела, мобилни станици, информатичка технологија и друго, рече премиерот Зоран Заев денеска на велешко „Езеро Младост“.
– Секоја година се зголемува буџетот на Министерството за обдрана со 0,2%. Тие пари треба да се распределат за сите безбедносни структури во државата. Најмногу за армијата и нејзината интероперабилност но и за останатите важни безбедносно цивилни структури. Тие растат и со ребалансот на буџетот ќе се зголемуваат. Ние сме среќни кога пожарникаите не работат но треба да бидат подготвени кога ќе добијат задача. Во годините наназад се донирале и се купувале возила но тоа е далеку од доволно. Ќе продолжиме со поголем интензитет да ги опремуваме противпожарните станици. Да ги доекипираме и технички да ги доопремиме, рече Заев.
Доекипирање е потребно и на Дирекцијата за заштита и спасување и воспоставување на многу посериозен систем на комуникација со инкорпорирање на цивилна заштита.
Изјавата на премиерот Зоран Заев следеше по изјавите на командирот на велешката Територијална противпожарна единица , Љупчо Липидовски и командантот на скопската Територијална противпожарна единица, Владимир Симоновски кои раскажаа како се справуваа со огнот и како го изгаснаа пожарот на „Езеро Младост“.
– Спасивме голема катастрофа што можеше да се случи кога орнот висок осум метри се префрли преку автопатот Скопје – Велес и влезе во дворот на „Вулканизер Дине“. Додека пожарникарите со вода го бранеа плацот храброста на сопственикот да влезе во магацинот и од него со виљушкар да изнесе 12 оксигенски боци спречи голема експлозија која најверојатно ќе се одразеше над бензинската пумпа и Башино село па и над Велес. Сакам да им се заблагодарам на помошта на сите кои се одзваа на повикот за помош и помогнаа во справувањето со огнената стихија на езеро Младост, рече Липидовски.
– Пристапивме во гаснењето на пожарот на местото во шумата каде што имаше најголема опасност од ширење на пожарот по автопатот и градот Велес. Во 21.25 часот завршивме со гаснењето во тој дел а потоа пристапивме на уште двете точки за да го локализираме пожарот околу час по полноќ. Потоа до 2 часот направивме обиколки за да не дојде до повторно палење, рече Симоновски./У.Ј