Руска медиумска сцена: Контролирани содржини со малку простор за странски медиуми

Објавено на 22 мај, 2022 во 15:49

Граѓаните во Русија добиваат дозирани содржини, во сила се цензорски закони засилени со новоусвоениот Закон од 4 март, со кој е предвидена дури и казна затвор од 10 до 15 години „за свесно ширење лажни вести за руската војска“. Водечките руски телевизии – „Канал 1“ и „Росија 1“ се контролирани од државата, а третата најголема ТВ-мрежа, НТВ, е сопственост на државниот енергетски гигант „Газпром“. Во Руската Федерација работат повеќе од 3.000 радиостаници, а државата е основач на трите главни мрежи „Радио Росии“, „Мајак“ и „Вести ФМ“. Во Русија се издаваат над 16.000 регистрирани весници, додека само 22 можат да се купуваат во целата држава. Идентично како и кај телевизиите, и кај весниците најпопуларните имаат провладина уредувачка политика

Пишува: Весна Коловска

Видеоанкета меѓу граѓаните на руските градови Перм и Владивосток покажа дека поголем процент од анкетираните не знаат и не веруваат дека руската војска влегла во Украина.

„Никој не го бомбардира Киев. Јас не верувам во тоа“, одговори еден од граѓаните на улица, кога беше прашан од новинарка, која како доказ му покажува и фотографии од бомбардирањата во Украина. Дури еден повозрасен човек рече дека не верува оти има војна.

Путин тоа не би можел да го направи. Да ја окупира Украина?! Зошто? Таму живеат наши луѓе – и во Украина и во Белорусија.

„Но, тоа се случило“ – му вели новинарот во видеото.

Не знам. Тоа не го кажуваат на вести,  одговори човекот.

Видеото е најдобра илустрација на состојбата со медиумите во Русија, силно контролирани од руската влада. Граѓаните добиваат дозирани содржини, додека во сила се цензорски закони, засилени со новоусвоениот Закон од 4 март, со кој е предвидена дури и казна затвор од 10 до 15 години „за свесно ширење лажни вести за руската војска“. Телевизијата, според „Репортери без граници“, и натаму останува медиумот на кој Русите најмногу му веруваат, а токму телевизиските канали во поголем дел се државни или се во сопственост на компании со блиски врски со Кремљ.

Медиуми под директна контрола на Кремљ

Водечките руски телевизии – „Канал 1“ и „Росија 1“ се контролирани од државата, а третата најголема ТВ-мрежа, НТВ, е сопственост на државниот енергетски гигант „Газпром“.

Тоа се доминантните домашни канали, додека на меѓународен план, главната руска ТВ-перјаница е сателитската телевизија на англиски јазик „Раша тудеј“ („Russia Today“ – РТ), која е финансирана од федералниот буџет. Основана во 2005 година, „Russia Today“, освен на англиски јазик, емитува и на арапски, шпански и француски јазик.

Во Руската Федерација работат повеќе од 3.000 радиостаници. Државата е основач на трите главни мрежи „Радио Росии“, „Мајак“ и „Вести ФМ“. Има голем број комерцијални станици, кои главно се музички радија.

Во Русија се издаваат над 16.000 регистрирани весници, додека само 22 можат да се купуваат во целата држава. Идентично како и кај телевизиите, и кај весниците најпопуларните имаат провладина уредувачка политика, додека неколку влијателни дневни весници се во сопственост на компании со блиски врски со Кремљ.

Медиуми во Русија

Телевизии

Rossiya 1 – национална мрежа, управувана од руската радиодифузна компанија (VGTRK)

Канал 1 – национална мрежа, 51 отсто  сопственост на државата, 49 отсто на приватни акционери

НТВ – национална мрежа, сопственост на државниот гигант „Газпром“

Центар ТВ – сопственост на градската управа на Москва

Рен ТВ – комерцијална станица со седиште во Москва со силна регионална мрежа, мнозинска сопственост на медиумскиот холдинг НМГ

RT – државно финансиран меѓународен информативен сателитски канал на англиски јазик

Радија

Радио Росии – национална мрежа управувана од државната радиодифузна компанија (ВГТРК)

Вести ФМ –  државна сопственост

Московско ехо – мнозинска сопственост на државниот „Газпром“

Мајак – државна национална мрежа

Руское радио – голема приватна мрежа, музичко радио

Печатени медиуми

Комсомолскаја Правда – провладин таблоид

Комерсант – дневен, бизнис-ориентиран, контролиран од тајкунот Алишер Усманов, близок до Путин

Московски Комсомолец – популарен московски дневен весник во приватна сопственост

Известија – популарен про-Кремљ дневен весник, во сопственост на медиумскиот холдинг НМГ

Росискаја газета – дневен весник во сопственост на владата

Независимаја газета – влијателен дневен весник во приватна сопственост

Аргументи и Факти – популарен неделник, во сопственост на Промсвјазбанк

Новаја Газета – објавува три пати неделно, позната по своето истражувачко новинарство

РБЦ – деловен дневен весник

Ведомости – финансиски дневен весник

Новински агенции / интернет

ТАСС – државна новинска агенција, со превод на англиски јазик

Интерфакс – приватна новинска агенција, со превод на англиски јазик

Lenta.ru – популарен онлајн-извор на вести

Москва тајмс – веб-страница за вести на англиски јазик, наследник на сега веќе непостојниот весник

Rambler.ru – главен интернет-портал

Спутник – државна мултимедијална платформа за меѓународна соработка со сервис на повеќе јазици

Yandex.ru – водечки пребарувач

VKontakte – водечка социјална мрежа

 

Раскомнадзор – главната цензорска рака на владата

Русија на листата на слобода на медиумите на „Репортери без граници“ во 2021 година се најде на 150 место од 180. Контролата врз медиумите и интернетот од страна на државата се врши преку Роскомнадзор, федерално извршно тело одговорно да обезбеди медиумите да ги следат руските закони и да издава предупредувања кога ги прекршуваат овие закони. Роскомнадзор, исто така, може да го ограничи сообраќајот на страницата на социјалните медиуми, што е негова законска обврска. Руската влада во декември 2020 година донесе Закон за зголемување казни на онлајн-платформи и интернет- провајдери, а му даде овластување да ограничи или целосно да блокира веб-страници.

Овој моќен државен цензор ја повлече дозволата на германскиот сервис „Дојче веле“, а медиумот го смести во групата на странски агенти. Потегот беше одговор на повлекувањето на дозволата на „РТ“ за емитување во Германија и на интернет-платформите. Европската Унија ги забрани „Спутник“  и „РТ“ на европска почва, додека високиот претставник за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, оцени дека:

Тоа не се независни медиуми, туку оружје во системот за манипулација на Кремљ.

Како одговор, се зголеми списокот со „странски агенти“, на кој се наоѓаат повеќе од 100 странски и домашни медиумски организации и поединци, кој го подготви руското Министерство за правда. Законот е од 2012 година и тогаш се однесуваше на невладините организации што добиваа средства од странство. Неговиот опсег беше проширен во 2019 година и за поединци или организации што добиваат каква било сума на странски средства и објавуваат „печатени, аудио, аудио-визуелни или други извештаи и материјали“.

И во 2014 година беше донесен Закон со кој се ограничува слободата и на онлајн-медиумите. „Законот Луговој“ – именуван по еден од неговите автори, пратеникот на Државната дума, Андреј Луговој – дозволува блокирање на сајтовите за вести без судски налог, доколку тоа го бара обвинителството.

Пред и со почетокот на инвазијата врз Украина, повеќе странски медиумски компании, кои имаа свои редакции во Русија и емитуваа програма на руски јазик, беа принудени да се повлечат или да ги ограничат своите изданија.

Последна од серијата објави за прекин на својата работа е таа на „Радио Слободна Европа“ (РСЕ/РСЕ), финансирано од американскиот Конгрес, кое соопшти дека го прекинува своето работење во Русија, откако локалните даночни власти започнаа стечајна постапка против рускиот огранок на 4 март. РСЕ јави дека полицијата го засилила притисокот врз новинарите. Ова следуваше откако руската Дума донесе Закон со кој, секој новинар што отстапува од ставот на Кремљ за војната во Украина може да подлежи на 15-годишна затворска казна.

Објавата на РСЕ е дел од серијата за затворање или редуцирање на работата на независните медиуми. Во само неколку дена повеќе домашни медиуми затворија или најавија дека ќе дејствуваат на интернет, а некои од новинарите одлучија да ја напуштат земјата. Меѓу нив и уредникот на ТВ „Дожд“, Тихон Џјадко, кој откако беше затворена телевизијата, замина од Русија заедно со неколку свои колеги.

По блокирањето на веб-страницата на „Дожд“, налозите на „Дожд“ на социјалните мрежи и заканата кон некои вработени, очигледно е дека личната безбедност на некои од нас е загрозена, напиша на Телеграм, уредникот Џјадко.

Затворањето на ТВ „Дожд“ беше веднаш по стапувањето во сила на Законот со предвидените драконски казни.

Телевизијата при емитувањето на своето последно издание на вести пушти снимка од балетот „Лебедово езеро“ на Чајковски, како потсетување на обидот за државен удар во 1991 година против владата на тогашниот советски лидер Михаил Горбачов. Додека на терен се одвиваше пучот, на државната телевизија постојано се емитуваше балетот, што беше индикација за гледачите дека нешто не е во ред. ТВ „Дожд“ од август 2021 година се најде на листата со „странски агенти“ заедно со независниот канал „Медуза“, со седиште во Летонија, популарен и во Русија. Во регистарот на странски агенти се медиуми, новинари и активисти. Покрај „Медуза“ и ТВ „Дожд“, на овој список се и истражувачките изданија „iStories“ и „Insider“, „Радио Слободна Европа“/„Радио Слобода“ (РСЕ/РЛ), ветеранот, активист за човекови права Лев Пономарев, коосновач на организацијата за човекови права „Меморијал“.

Радиото „Московско ехо“ соопшти дека ги затворило својот радиоканал и веб-страница, додека рускиот независен весник „Новаја газета“, познат по истражувачкото новинарство на чело со нобеловецот за мир, уредникот Дмитриј Муратов, објави дека ги отстранува написите за војната во Украина, со образложение дека руските цензори наложиле да се тргнат тие материјали. Раскомнадзор издаде соопштение во кое ги информира руските медиуми дека:

Се обврзани да ги користат само информациите и податоците што ги добиле од официјални руски извори.

Во соопштението, исто така, се предупредува дека неименувани медиуми шират „непроверени и неверодостојни информации“.

„Би-би-си“ (BBC), чиј сервис исто така е ограничен од страна на руската влада, најави дека, и покрај сè, ќе остане на терен и ќе известува за настаните.

Пристапот до точни, независни информации е основно човеково право што не треба да му се ускрати на народот на Русија, од кои милиони се потпираат на вестите на „Би-би-си“ секоја недела, напиша прес-службата на „Би-би-си“, кратко откако руските власти го ограничија пристапот до нејзината веб-страница.

Ограничувањето, како што соопшти британскиот сервис, е контрапродуктивно. Неделните посети на веб-страница на „Би-би-си“ на руски јазик, како што соопшти компанијата, се зголемени за повеќе од тројно на 10,7 милиони. Сообраќајот од Русија до страницата на„ Би-би-си“ на англиски јазик се зголемил за 252 отсто.

Руско медиумско присуство во Македонија

Во Северна Македонија нема регистрирани руски медиуми и нивни сервиси, кои емитуваат своја програма на македонски јазик. Руското медиско влијание доаѓа од српското издание на „Спутник“ , кое е државна мултимедијална платформа за меѓународна соработка со сервис на повеќе јазици, вклучително и на српски. Дел од македонските медиуми, а особено некои од корисниците на социјалните мрежи повремено пренесуваат содржини од српски „Спутник“. Присутна е и веб-платформата „Russia Beyond“ , која е ребрендирано издание на „Руска реч“, која излегува на 14 јазици, меѓу кои и на македонски. Платформата е создадена, како што стои во објаснувањето, за ширење на руската култура. При прегледување на содржините, речиси секој втор-трет напис е за  рускиот претседател Владимир Путин, неговиот лик и дело, а има и содржини од руските градови и за руските достигнувања.

Со години на македонскиот пазар преку издавачката куќа „Колор медија прес“ се издаваат две мрежи списанија, кои потекнуваат од Србија. Најпознати изданија се „Руски доктор“ и „Руски травар“ на издавачката куќа „Новости“, кои се дистрибуираат и преку директен извоз во Босна и Црна Гора и/или преку локализирани изданија во Северна Македонија, Хрватска и во Словенија на локалните јазици.

Новинската агенција „Мета“ пред две години објави анализа во која оцени дека „овие списанија продолжуваат комерцијално да ги експлоатираат позитивните перцепции за Русија и нејзината култура ,кои од претходно беа присутни кај дел од балканското население, при што дополнително придонесуваат да се зајакнат пропагандните позиции на Путиновиот режим“.

 На пример, во најновиот, јануарски број на македонското издание на „Руски доктор“, ударна содржина на насловната страница е „ексклузивниот“ напис за „10-те тајни на Путин за здравје“ со кој како „тајни“ се претставени правилната исхрана, утринската гимнастика, но и занимавањето со спортови како скијање, хокеј, јавање и риболов, кои во најголема мерка се надвор од финансиските можности на целната (пензионерска) публика, пишува во текстот на „Мета“ објавен во јануари 2020 година.

Во списокот на регистрирани весници и списанија на АВМУ (ажуриран на 21.3.2022), „Колор медиа плус“ е запишан како издавач на „Добра храна” и „Руски доктор”.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

8xbet คาสิโนออนไลน์888
8xbet
8xbet
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ข่าวฟุตบอล
8xbet บาคาร่า
8xbet เว็บพนันออนไลน์เว็บตรง
บอลไทย U23
แทง บอล เดี่ยว
ข่าวบอลอังกฤษ
การคาดการณ์การแข่งขัน
8xbet คาสิโนสด
คะแนน ผล บอล สด 888
พัทยาสปอร์ต
ข่าวกีฬาเขตร้อน
ผลบอลสดวันนี้
ดูบอลสด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ราคา บอล ภาษา ไทย
8xbet แจกเครดิตฟรี 1000บาท
ไทยล่าสุดฟุตบอลยุโรป
ดูบอลออนไลน์888
โปรแกรม ฟุตบอล ไทย วัน นี้
8xbet
888 ผล บอล สด ภาษา ไทย
8xbet-สล็อตแมชชีน
ถ่ายทอดสดฟุตบอลวันนี้
ดูการแข่งขันฟุตบอลออนไลน์
วันนี้ล่าสุดฟุตบอล
ดูบอลสด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
กษัตริย์สปอร์ต
เว็บข่าวกีฬา
ข่าวกีฬา ข่าวฟุตบอล
ดูบอลสด
ผล บอล ไทย 888
ฟุตบอลไทยล่าสุด
บอล วัน นี้ บ้าน ผล บอล
ผลบอลสดไทย
ผล บอล สด 888
อัปเดตข่าวบาดเจ็บ ล่าสุด
ผล บอล สด ตาราง คะแนน
ดูฟุตบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ผลการแข่งกัน
8xbet
ตาราง บอล สด ไทย
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสดวันนี้
8xbet
ข่าวกีฬาสดใหม่
Sport Live News
8xbet สล็อตออนไลน์
8xbet คาสิโนสด
meta789 สถานีข่าวกีฬาฟุตบอล
การเดิมพัน 8xbet
ผล บอล ไทย สด
8xbet
8xbet - หน้าแรกการเดิมพันออน
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอล ดูบอลสด
8xbet เข้าสู่ระบบ
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet คาสิโนสดไทย
8xbet
ดูบอลสด วันนี้ HD ครบทุกคู่
ข่าวกีฬาวันนี้
8xbet คาสิโนถูกกฎหมาย
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
คะแนนฟุตบอล และข่าวสาร
8xbet
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ฟุตบอล
บอลไทย U23
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก
TNS Thai Sport
ตก็สามารถดูบอลออนไลน์ได้ทันที.
8xbet
พนัน บอล สด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ตารางบอล
แพลตฟอร์มการเดิมพันชั้นนำของเอเชีย
ข่าวกีฬาวันนี้
เว็บไซต์รวมกีฬาและภูมิศาสตร์มนุษย์ของประเทศไทย
ฟุตบอลวันนี้ ถ่ายทอดสด
ผล บอล ไทย สด
โปรแกรม บอล ไทย u23
8xbet ออนไลน์
8xscore
ข่าวฟุตบอล
8xbet คาสิโนออนไลน์อันดับ1
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
บอล สด 888
8xbet
สกายสปอร์ต
การดำเนินชีวิตที่เทคโนโลยี
ดูบอลออนไลน์ ไม่กระตุก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
สำหรับคอกีฬาอย่างคุณไม่ควรพลาด
8xbet สโมสรกีฬาออนไลน์และคาสิโน
คาสิโนออนไลน์ 8xbet
ไฮไลท์ฟุตบอลตารางบอล
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผลบอลสดวันนี้
ฟุตบอลต่างประเทศ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอลสดฟรี
ดูบอลฟรี android tv รองรับทุกระบบ
ข่าวฟุตบอลไทย
ข่าวฟุตบอลล่าสุด
8xbet เว็บคาสิโนสด
บอลไทย ตารางแข่ง
Nuru Sports Club
ดูฟุตบอลออนไลน์
8xbet เว็บบาคาร่าออนไลน์
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
วันนี้ล่าสุด
Sunshine Sports
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
และกีฬาอื่นๆ
ผลบอลเมื่อคืน
8xbet เครดิต ฟรี
สารานุกรม
8xbet
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสด
แทง บอล ขั้น ต่ํา
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด ลา ลิ กา
บอลไทย
ตารางบอลล่าสุด
พรีเมียร์ลีก
ผลบอลผลบอลสด
โปรแกรม บอล
ข่าวการแข่งขันฟุตบอล
เว็บดูบอลออนไลน์ที่จะช่วยให้คุณ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูทีวีออนไลน์
8xbet คาสิโนบาคาร่า
ดูบอลสด
การคาดการณ์การแข่งขันอ
ได้เครดิตฟรี 100 บ
โปรแกรม ถ่ายทอด ฟุตบอล สด
อัปเดตข่าวฟุตบอล ล่าสุด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ฟุตบอลเชลซีถ่ายทอดสด
วิธีแทงบอลในเว็บ
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
แทง บอล ออนไลน์ ยัง ไง
อัตรา แทง บอล
พนัน บอล สด
รวมข่าวฟุตบอล ผลบอล
ผลบอลสด7m888
8xbet การพนันออนไลน์
ข่าวกีฬา
ผลบอลสด
8xbet คาสิโน มีอะไรบ้าง
ฟุตบอลทีมชาติไทย
ตาราง ฟุตบอล ทุก ลีก
แทง บอล คือ อะไร
ตาราง คะแนน พรีเมียร์ ลีก
โปรแกรมถ่ายทอดสด
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา
บอล พรีเมียร์ ลีก
คะแนน บอล สด
ผลฟุตบอล
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
ข่าวกีฬาออนไลน์
ไฮไลท์ฟุตบอล
Sports Around Thai
8xbet เครดิตฟรี50 แทง บอล
ไฮไลท์ฟุตบอล
สล็อตออนไลน์
กีฬาต่างประเทศ ผลบอล
เดิมพันแมนเชสเตอร์ซิตี้
ผลบอลสด888
8xbet คาสิโนออนไลน์เว็บตรง
ไฮ ไล ท์ แมน ยู ล่าสุด
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด
เว็บไซต์เดิมพันกีฬาที่ดีที่สุด
ดูบอลออนไลน์
เดิมพันกับ 8xbet
วิเคราะห์บอล
8xbet
8xbet คาสิโนออนไลน์ที่ดีที่สุดในเมืองไทย คา
ข่าวกีฬาวันนี้ ล่าสุด
ดูฟุตบอลออนไลน์
ดูบอลสดไทย
8xbet สล็อตแมชชีน
พนัน บอล สด
ข่าวบอลพรีเมียร์ลีก
แม็กกี้ สปอร์ต
8xbet
ข่าวกีฬา ล่าสุด
4U Sports Thai
8xbet คาสิโนพรีเมียม
ข่าวกีฬาล่าสุด
ผลบอลสด888 บอลพรุ่งนี้
เกมสล็อต 8xbet
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผล บอล สด 365
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet
กีฬาแห่งประเทศไทย
8xbet
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ข่าวกีฬาไทย 24
สล็อตออนไลน์เว็บตรงไม่ผ่านเอเย่นต์ PG SLOT99
ผล บอล สด sbobet
เว็บโป๊กเกอร์ออนไลน์ ที่ pokerthai99
ผลบอลสด
ฟุตบอลไทยวันนี้ช่องไหน
อัตรา แทง บอล วิเคราะห์บอล
รายการ บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ทีเด็ดบอลวันนี้ 4 คู่ผลบอลสด
ตารางบอลวันนี้ ทุกลีก ภาษาไทย
ดูวิเคราะห์บอลวันนี้
ไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสดไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสด ช่อง ไหน
โปรแกรม พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ถ่ายทอด สด
เช็ค ผล บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ
888 ผล บอล ผล บอล สด