Годинава, дваесет уметници учествуваат на колонијата „Папрадишки мајстори“
Во куќата на Касапови во Велес започна дванаесетата по ред ликовна колонија „Папрадишки мајстори“. На отворањето на оваа реномирана културна манифестациј, која од година во година се повеќе го привлекува вниманието на домашните и странските уметници, присуствуваа поголем број љубители на уметноста од Велес.
На годинашната колонија „Папрадишки мајстори“ учествуваат 20 уметници од Русија, Турција, Словачка, Унгарија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Македонија.
Според кординаторот на колонијата, склупторот Ангел Коруновски и годинава уметниците во куќата на Касапови и спомен куќата на преродбеникот Јордан Хаџи Константинов Џинот ќе творат дела од старата на далеку позната велешка архитектура како и со мотиви од историските и културните споменици на Велес и неговата околина. Во наредните десет дена тие ќе се дружат и ќе создаваат дела што ќе останат во трајна сопственост на колонијата.
Организатор на колонијата, што финансиски ја помага и министерството за култура, е општина Велес.
Традиционално, делата на уметниците создадени на годинешната ликовната колонија „Папрадишки мајстори“ ќе бидат изложени во Ликовниот салон на 9 ти ноември, денот на општина Велес. /С.А