Божидар Јовиќ: „Кирило – Методиевата заветност“

Објавено на 24 мај, 2024 во 14:35

Денот на сесловенската писменост ја подигна заемната свесност,

вековното  опстојува е заветно исполнета љубов со човечност.

Кирило­ – Методиевата заветност го исполнува древното предание,

вткаена е сесловенската чесност подигнато е вековното сознание.

Азбуката  е сплетена со вредности гласовната нишка е писменост,

говорниот јазик е со спокојности разумот е со вековна доблесност.

Охридското развивање е мудрост, Климентовата заветност постои

оплеменета е словенска постојаност, широка е лингвистичка развојност.

Древната заветност се оплеменува, сесловенска вредност се збогатува

Кирило ­- Методиевата чест  живее втемелено исполнување се видува.

Автор Божидар Јовиќ

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.