Издумани Крлевизми: „И во Македонија нешто се одржува стандардно. Стандардот!“

Објавено на 20 септември, 2024 во 10:16

Афористичарот Атанас Крлевски и за овој петок издвои дел од сопственото творештво за читателите на Дума.мк. Ги објавуваме неговите 15 афоризми.

-Јас го држам прстот на челото, а жена ми мисли. Секоја работа си ја делиме.

-Модерни времиња: многу диети, а уште повеќе тајни вечери!?

-Јас сум експерт за машко – женските односи… на пуст остров!

-Внимателно со доблестите. Некои цел живот се нивни жртви.

-Во некои средини, луѓе е збирна именка од нелуѓе.

-Сѐ ново ме плаши. Освен нова швалерка.

-Сѐ тече, сѐ се менува. Дури и фактите!

-Самобендисаните се полтрони на самите себе.

-Какви ти се мислите, таков ти е животот. Ако мислиш!

– „Сите крадат!“ велат тие што сакаат да крадат, ама се плашат.

– Традицијата е богаство кое се чува во отклучен сеф.

– Зборот е сила, а со силата треба внимателно!

– Кога ќе се измешаат лончињата, сите се жедни.

-И во Македонија нешто се одржува стандардно. Стандардот!

– Ме препознаваат по карактерот. Јас сум бескарактерен!

    Атанас Крлевски

    Сподели:

    Напиши коментар

    Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.