Прва самостојна изложба на тројца млади уметници!

Објавено на 13 декември, 2012 во 08:00

Пејсажи и портрети насликани во сликарските техники масло на платно и акрил ја сочинуваат прва самостојна ликовна изложба на штотуку дипломираните сликари Мартина Хаџи Тоневска, Маја и Максим Димитров.

Тројцата млади уметници на љубителите на слики им преставија околу 20 дела со кои дипломирале на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Ова е прва нивна самостојна изложба и се случува во Kавадарци.

“Овие прекрасни дела на овие млади автори се надевам дека ќе ве згреат во оваа зимска ноќ. Кавадарци е град од каде започнала уметничката кариера на многу успешни македонски сликари. Се надевам дека и овие тројца млади уметници ќе имаат успешна кариера.Посакувам тие да бидат дел од кавадаречката ликона колонија,“ рече Владимир Темков, директор на Домот на културата “Иван Мазов-Климе“.

Мартина и Маја користат акрил како техника, а Максим работи масло на платно. Сите веруваат дека делата ќе и се допаднат на кавадаречката јавност..

“Ова ни е прво искуство на самостојна изложба. Досега сме учествувале на повеќе групни излоби како и на неколку ликовни колонии во Македонија“ рече Максим Димитров, дипломиран сликар.

Изложбата ќе биде поставена и во Скопје.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.