Македонскиот поет Лазаров со нова стихозбирка!
Објавено на 13 мај, 2013 во 08:22
„Јана-Јана“ e насловот на најновата стихозбирка на македонскиот поет Ристо Лазаров. Книгата е објавена по три ипол децении од објавувањето на популарната „Јана“ за која во 1980 година тој ја доби 13-ноемвриската награда на Скопје.
„Јана е биографија на еден прекрасен поетски сон, редослед на една поетска радост и тага, љубовна поема напишана навидум анархично, дрско“, тогаш напиша македонскиот поет Анте Поповски. „Јана“ тогаш беа дваесет самостојни наслови или поточно дваесет пеења на една љубовна поема, дваесет детали на една слатка поетска игра.
Новата стихозбирка на Лазаров може да се доживее како поема на радоста. Во неа се објавени 35 пеења. Книгата е посветена на внуката на авторот. Издавач на книгата е „Везилка 2011“ од Скопје./Б.Н