Сакрални градби, изградени од најголемиот македонски градител Андреја Дамјанов, во една монографија
Четиринаесет соборни храмови со слика и текст за нивната историска и културна вредност како и за нивното значење за развојот на православната вера, собрани се во монографијата „Соборните храмови во Македонија во времето на преродбата, чиј автор е Димитар Ќорнаков.
Денеска монографијата беше промовирана пред велешани во црквата Св. Великомаченик Пантелејмон. Според Митрополитот Повардарски Господин Агатангел, ова дело е значајно бидејќи ги разбуди чувствата кај народот за поголеми права.
„Оваа монографија има историско значење за македонскиот народ за неговото опстојување во времето на преродбата ,кога се буделе чуствата за социјални и духовни права на народот,„ рече Митрополит Повардарски.
Меѓу четиринаесетте соборни храмови опфатени во монографијата е и соборниот храм Св. Пантелејмон во Велес, во кој токму авторот побарал да се изврши промоцијата.
„Томку овој храм каде сме сега е застапен во монографијата и тоа беше барање и желба на авторот ,да ја промовираме во Велес со една негова порака дека ова зданеи е едно од ретките македонски сакрални градби по кои се препознаваме на поширок план,“ рече Раде Силјан од издавачка куќа „Матица македонска“.
Сите овие цркви се изградени во времето на преродбата или во 18-ти век. Претходно тие биле забранети па верниците се собирале во помали цркви. Сите нив ги поврзува името на наимарот Андреја Дамјанов. Тој и неговата тајфа го ставиле својот печат на сите сакрални градби.
„Јас го напишав ова дело за да ја доловам потребата потребата на народот за така големи цркви ,широки со убави тремови ,балкони и галерии. Сето тоа беше потреба на народот кои очекуваше поповолни услови за духовен живот„ рече авторот на монографијата Ќорнаков.
Владиката Агатангел изрази голема благодарност за нашите предци затоа што оставиле едно вакво дело со кое секој човек треба да се гордее./Д.С