Академскиот сликар Ниче Василев излага во Ликовен салон во Велес
Тивка меланхолија и тивка екстаза, дестилирана есенција на егзистенцијата. Тоа е основниот, колку рационален исто толку и интуитивен, внатрешен поетички и ликовно творечки императив на академскиот сликар Ниче Василев припадник на генерацијата современи македонски сликари за чие скоро четири децениско творештво критиката ќе напише дека тој застанува пред белата бездна на платното или мигот со молив, пастел или масло подеднакво добро и супериорно да се изрази. Дел од неговото творештво е изложено пред велешани на изложба во Ликовниот салон.
Портретите на жени и пејсажите се најбројни помеѓу изложените уметнички слики. Кога го запрашавме Василев зошто е тоа така скромно одговори дека веќе триесет години ги пренесува своите впечатоци на платната предизвикани од убавините на природата и изгледот на припадничките на понежниот пол.
„Користам топли нијанси на бои па скоро секое мое дело зрачи со дополнителна енергија. За дел од овие портрети сум се инспирирал од живи ликови а дел ги насликав откако ги создадов во своите мисли. Така е и со пејсажите иако јас особено ја почитувам природата и предпочитам со часови да престојувам покрај убави пејсажи, “ рече Василев веднаш по отворањето на изложбата.
Ова е втора изложба на творештвото на струмичкиот академски сликар Ниче Василев пред велешани. Претходната ја имал пред повеќе од две децении во стариот Ликовен салон, во приземјето на куќата на Ѓоргови.
„И тогаш бев задоволен од посетеноста и приемот на моите дела од граѓаните на Велес. Сега мора да кажам дека сум почестен од поканата на Народниот музеј во вашиот град затоа што изложувам во еден од најубавите Ликовни салони во државата. Би сакал да добијам повторно покана и секако ќе го донесам своето творештво без многу размислување, “ рече Василев.
Велешани изложбата на овој македонски автор можат да ја погледнат во наредните денови во Ликовниот салон во Велес./Д.С

Напиши коментар
Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.