Соло концерт на пијано на Шерафдин Курт во Ликовниот салон
Објавено на 6 декември, 2014 во 13:25
Велешанецот Шерафедин Курт вечера ќе одржи соло концерт на кој ќе изведе авторски композиции и современа музика. По настапите во „Кула“ и Автономниот културно социјален центар во Скопје ова е втор соло пијанистички концерт на слободниот уметник во неговиот роден град. Тој и првиот го одржа во Ликовниот салон во Велес.
Почетокот на вечерашниот концерт е во 20 часот. Влезот е слободен./Д.С