По 30 години во Домот на култура во Свети Николе поставена инсталација на систем за греење и ладење
08.02.2021
Светниколци културните манифестации, во кино салата и помошните простории на Домот на културата „Крсте Мисирков“ ќе можат да ги следат во затоплени простории во зима и во климатизирани во лето. Објектот во центарот на градот доби системот за греење и ладење. Градот создаде дополнителни соодветни просторни услови за работа на културнте работници и одржување и посетување на културно-уметнички и образовни програмски активности. Граѓаните добија поквалтетни услови за своте културни потреби.
Системот за греење и ладење го финансираше Министерството за локална самоуправа.
– Министерството за локална самоуправа инвестира и во областа на културата. Преку целосното спроведување на планираните проектни активности во вредност од 8.571.524 денари, Домот доби соодветни просторни услови каде во иднина културните работници ќе можат да ги надоградуваат своите драмски, литературни, музички, фолклорни и филмски потенцијали и капацитети, како и да го промовираат својот талент преку размена помеѓу други културно-уметнички и едукативни организации во и надвор од регионот. По завршуваше на пандемијата се надеваме дека ќе продолжат културните настани како што се одвиваа и претходно. Очекувам општината и во иднина да предлага проекти кои ќе се од добробит за граѓаните во Св. Николе, рече министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.
Новиот систем за греење и ладење ја намали потрошувачката на електрична енергија. Со тоа ќе се постигне и заштеда на финансиски средства што ќе можат да се пренаменат за унапредување и издигнување на културните потреби на граѓаните во Свет Нколе.
-Ова е еден значаен проект за граѓаните. За инвестицијата ни помогна Министерството за локална самоуправа со износ од 6 милиони и 100 илјади денари и општината од сопствениот буџет издвои 2 милиона и 400 илјади денари. Создадовме подобри услови за работа на културните работници и за граѓаните посетители на културни манифестации, без разлика на временските услови надвор да имаат затоплен или разладен објект во кои ќе ги следат. Очекуваме да заврши корона кризата и овој објект да биде центарот на културните настани, истакна градоначалникот на Општина Св. Николе, Сашо Велковски.
Мартина Богданова, директорката на Домот на културата „Крсте Мисирков“, го истакна своето задоволство од реализацијата на овој за нив многу значаен проект со кој според неа се овозможува на граѓаните во 365 дена во годината да можат да ги следат сите подготвени културни манифестации.
Дом на култура во Свети Николе е изграден пред 30 години. Објектот, во кој се наоѓа и кино салата, за прв пат добива можност да биде затоплен или разладен.
Убавка Јаневска