Афористичарот Димитар И. Вилазорски, првонаграден на конкурсот за најдобри афористичари во Македонија

Објавено на 29 март, 2021 во 10:43

Vilazorski fin

29.03.2021

Велешанецот Вилазорски наградата ја освои за сет од десетина афоризми на тема Право и Правда.

При оценување на афоризмите, жирито во состав на претседател Љупчо Силјановски и членовите Иван Котев и Доне Донев, се воделе по принципот на Балашевиќ. Всушност ги почитувале формалните белези на сатиричниот афоризам како јадровитост, двосмисленост или повеќесмисленост но и вешто ракување, игра со зборови, слоевитост на мислата и свежина на духот.

На Конкурсот учествувале вкупно 23 пишувачи на афоризми. Од нив, второто место му припадна на Ацо Ѓорѓиев од Струмица и трето место на Јане Атанасов од Кочани. Како особено успешни сетови афоризми, издвоени се и на Васил Толевски и Марјан Ангеловски од Скопје, Миле Ѓорѓијоски од Делчево, Витомир Долински од Струга, Ристо Филчевски од Струмица и Драганчо Тасевски-Изворски од Кичево.

Доделувањето на наградите ќе се оддржи оваа сабота, на 4 април, во Кочани.

Покрај наградите на добитниците на овој настан ќе му биде доделена и плакета за животно дело на афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.