Афористичар Коки: „Луѓе, вардете се од малолетниците, тие не одговараат за своите постапки“

Почетокот на работната недела започнете го со насмевка. Новите шест афоризми на велешанецот Никола Бошков Коки ќе Ви го овозможат тоа. Фокусот на овие кратко искажани мудри мисли денеска се малолетниците, жените, мажите и каратистките. Уживајте:
-Луѓе, вардете се од малолетниците, тие не одговараат за своите постапки.
-Ако не постојат мито и корупција, разно-разни наместени тендери, лажни ветувања и нереализирани проекти, политиката би била наполно неинтересна.
-Жената е како тврдина: ја освојуваш, ја освојуваш… и тогаш, кога ќе се увериш дека целиот труд ти е залуден, таа сама ширум ја отвора портата.
-Тој успеа да ја изведе на прав пат, а потем…ги спушти седиштата.
-Откако оженетиот човек ќе појде во пеколот, дури тогаш ќе почувствува дека тоа е неговиот, вистински заслужен одмор…од брачните должности.
-Нашата каратистка секојдневно го доживува своето вистинско задоволство, не пропушта ниту една прилика на својот сопруг да му се качи…на главата.
Афористичар
Никола Бошков – Коки
