Афористичар Коки: „Пијаните од љубов најчесто се трезнат пред матичарот“

Објавено на 20 март, 2023 во 09:50

Денот по утрото се познава, затоа прочитајте ги новите шест афоризми од Коки и започнете го денот со насмевка. Овој пат покрај жената, во новите афоризми опфатени се и мажите.

-Кога мажот ќе прогледа, на слепата љубов и е дојден крајот.

-Во пролет, девојките и жабите најмногу стравуваат од штрковите.

-Кога тагувате по загубата на својот најблизок, несомнено посакувате солзите да ви капат длабоко во внатрешноста на очите, за да не можат никогаш да пресушат. 

-Пијаните од љубов најчесто се трезнат пред матичарот.

-За да може животот и понатаму да се живее со љубов, многумина луѓе се присилени да голтаат се што сопругата ќе им ЗАПРЖИ.

-Поголемиот дел од пензионерите од владата добија зголемување на пензиите онолку, колку што можат да ја отворат устата.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.