Афористички поздрав од Коки за убав почеток на работната седмица

Објавено на 12 јуни, 2023 во 09:56

Почетокот на работната седмица задолжително треба да започне во добро расположение и со насмевка. Афористичарот Коки преку новите шест афоризми со сигурност ќе придонесе вашата насмевка да биде загарантирана.

-Единствено политичарите и нимфоманките никогаш не се задоволуваат со постигнатото.

-Кога треба да се одлучите да стапите в брак, не обидувајте се да најдете жена  која умее да ги стиска парите, туку…нозете.

-Мојот комшија е неповторлив полтрон, се восхитува од помислата дека синот му личи на шефот.

-Откако некои жени, првпат ќе го изневерат сопругот, несомнено некоја од нив си го поставува прашањето: зошто тоа не го направила порано.

-Во сообраќајна незгода настрадаа маж и жена…од два различни брака.

-Штом се оженат, многумина луѓе престануваат да ги посетуваат театарските претстави, затоа што дома веќе имаат сопствен театар.

Афористичар

Никола Бошков Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.