Издумани Крлевизми – „Мислам со туѓа глава. Значи, не постојам!“
Објавено на 24 ноември, 2023 во 09:52
И овој петок афористичарот Атанас Крлевски со нови седум крлевизми коишто имаат за цел да ја насмеат читателската публика на Дума.мк.
-Денешните заљубени: срце и паричник!
-Мислам со туѓа глава. Значи, не постојам!
-На изборите постигнавме голема победа. Ќе ја прославуваме до крајот на мандатот.
-Живата вистина како жива песок. Многумина пропаднале во неа.
-Еден историчар – сто добиени битки. Двајца – добиена војна!
-Добростоечките клечат.
-Се оженив за риба, а таа ти била водна змија.
Афористичар
Атанас Крлевски
Дума.мк