Издумани Крлевизми: „Прстот на челото, ама и да мислите!“

Објавено на 5 јули, 2024 во 11:13

Нови 15 издумани Крлевизми од велешкиот афористичар Атанас Крлевски. Тој за своите нови афоризми вели: И денес читајте Издумани Крлевизми кои освежуваат како некој убав коктел крај плажа како припрема за летување. Наздравје!

  1. Бракот ми е песна… на плејбек!
  2. Не можат да ме купат! Држам цена.
  3. Се пронајдов себеси. Изгубен случај!
  4. Политичарите даваат сѐ од себе… за сатирата.
  5. Барав да го смени односот кон мене. Ме смени мене!
  6. Моите слабости се анорексични.
  7. Ме обвинија за непотизам, а жена ми не ми е роднина.
  8. Му дозволивме да се збогати преку ноќ.Спиевме!
  9. Најтешки времиња се тие, кога освен човечкиот живот се друго е скапо!
  10. Прстот на челото, ама и да мислите!
  11. Се удирав в гради. Сега ме удира кој ќе стигне.
  12. Не знам да лажам, а мене ми е срам нешто да не знам.
  13. Ако за нешто кажете дека е тајна, нема да го преживее денот.
  14. Залудно ми работат зад грб. Пред нив сум сто и една светлосна година.
  15. Современа војна: бомбардирање со лажни вести.
Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.