Коки: „Ако цениме според вложениот труд, тогаш за поповите и гробарите дојдоа убави времиња“

Објавено на 25 март, 2024 во 10:39

Велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки со шест нови афоризми кои со сигурност ќе ве насмевнат за убав почеток на новата работна седмица. Уживајте:

-Луѓе, ако немате некоја попаметна работа ,тогаш…љу бете се лудо.

-Лесно им е на политичарите секојдневно да држат предизборен, ветувачки говор, но ќе имаат голема потешкотија кога по изборите ќе бидат присилени да го одржат ЗБОРОТ.

-Ако цениме според вложениот труд, тогаш за поповите и гробарите дојдоа убави времиња.

-Загрижува сознанието и оправданото стравување, дека децата од епрувета можат да ја уништат нашата традиционална, домашна ракотворба.

-Понекогаш во регалот на мојата соседка, освен многуте комплети книги, може да се најде и по некој…писател.

-Мојата колешка и оваа пролет не увери дека е извонреден експерт по хортикултура: своето ново момче успеа мошне вешто да го НАСАДИ.

Афористичар Никола Бошков – Коки

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.