Коки: „Денес многуте луѓе започнаа да се занимаваат со колекционерство: собираат НАЧИНИ…како да преживеат“

Објавено на 3 јуни, 2024 во 09:17

Понеделник и нови седум афоризми од велешкиот афористичар Никола Бошков Коки. Драги читатели прочитајте ги афоризмите и започнете го денот со насмевка. Имајте убава работна седмица!

-Денес многуте луѓе започнаа да се занимаваат со колекционерство: собираат НАЧИНИ…како да преживеат.

-Наместо да не опкружуваат зелени површини, паркови и хортикултурни уредувања, насекаде околу нас, секојдневно никнува само плевел и трње, човечко трње.

-Првата љубов е ЕВЕРГРИН, сите останати се само ХИТОВИ.

-Постојат мошне непријатни случки, кои на луѓето честопати им се повторуваат во креветот, но …за нив не можат да ја обвинуваат Владата.

-Жените се се поискрени, освен годините не се обидуваат ништо друго да сокријат.

-Понекогаш животот знае да биде мошне непредвидлив и суров: ќе се ожените со ангел, па потем ќе сфатите дека живеете во пеколот.

-Единствено на нудистичка плажа, на вљубениот нудист не можат да му се сокријат чувствата.

Афористичар

Никола Бошков Коки

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.