Коки: „Единствено пијанството од љубов не се мери со промили“

Објавено на 12 февруари, 2024 во 09:31

Инспириран од празниците коишто следат, поточно Св. Трифун и Св. Валентајн – Денот на вљубените, велешкиот афористичар Коки напиша шест нови афоризми. Прочитајте ги, насмевката е загарантирана!

-Бракот е како виното: на почетокот сте пијани, а потем доаѓа главоболката.

-На денот на вљубените, многумина мажи ќе ги носат своите жени во срцата, а љубовниците…со обете раце во некој сомнителен мотел.

-И виното се поистовети со политичарите, и во него се помалку има вистина.

-Ниту боемите не се веќе она што беа: многумина денес ќе се откажат од убавите девојки и екслузивните вина, премногу се скапи.

-Единствено пијанството од љубов не се мери со промили.

-На денот на вљубените ,многуте момчиња ќе се обидат да се поистоветат со мачорите: ќе трчаат по секоја МАЧКА.

Афористичар

Никола Бошковски

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.