Коки: „И во љубовта и во многуте спортови, највозбудливи моменти се последните“

Објавено на 20 мај, 2024 во 11:17

Понеделнички нови седум афоризми од велешкиот афористичар Никола Бошков Коки за читателите на Дума.мк. Уживајте!

-Кога директорот-политичар, ќе ја „притисне“ секретарката, дали тоа претставува политички притисок?

-Кога би се виделе и слушнале како изгледаат и што се говорат пред камерите, многуте актуелни политичари би си го продале телевизорот.

-Професорите не ги држат сите карти во своите раце: кај нас се …КЕЦОВИТЕ.

-Опкружувањето на убавите жени го покажува постојаното присуство на мноштвото божемски боеми, лигуши, лижачи и…неодминливите и неизбежни чаршиски билмези.

-Сите мажи се исти, рекоа жените и продолжија да ги одбираат.

-Многуте млади и неискусни девојки за в брак посакуваат идеален маж, но во очекувањето тој да се појави, умните и искусните се мажат.

-И во љубовта и во многуте спортови, највозбудливи моменти се последните.

Афористичар

Никола Бошков Коки

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.