Коки: „И во љубовта, и во сообраќајот, најголемите грешки се случуваат поради брзината“
Објавено: 29 јануари, 2024, во 10:28 часот
Новите шест афоризми напишани од перото на велешкиот афористичар Никола Бошков Коки со сигурност ќе предизвикаат насмевка на вашето лице. Затоа, задолжително прочитајте ги новите шест понеделнички афоризми и започнете ја работната недела со позитивна енергија. Уживајте!
-Колку на жените јазикот им е покус, толку бракот им е подолг.
-Секоја нова власт со себе носи мноштво нови голтари и маргинални партиски лигуши, кои потем прераснуваат во големи патриоти, заземаат високи државни функции и енормно бессрамни плати.
-И во љубовта, и во сообраќајот, најголемите грешки се случуваат поради брзината.

-Луѓе, не ви вреди многу желбата и обидот да бидете пилиглоти и совршено да говорите неколку јазика: жените нема никогаш да ве разберат.
-Разнишаниот брак на мојот пријател наполно се разурна: епицентарот беше кај комшијата.
-На младите вљубенички во фудбалот,и м е мошне интересно и возбудливо продолжението на играта од 2×15…сантиметри.
Афористичар
Никола Бошков – Коки
Дума.мк

