Коки: „Како во животот, така и во шахот, исклучително јак потег е кога ќе успеете да ја освоите противничката Дама“

Објавено на 15 април, 2024 во 09:45

Понеделнички шест нови афоризми за читателите на Дума.мк од велешкиот афористичар Коки. Прочитајте ги и започнете ја работната седмица со насмевка. Уживајте!

-Во пролет, девојките и жабите најмногу стравуваат…од штрковите.

-На нашата политичка сцена секојдневно се приредуваат разно-разни бурлески и циркузи, па отаде и дилемата: од каде се изродија толкуте многу артисти и…кловнови.

-Мојот индекс зависи од професорот, а неговиот брак…од мене.

-Штом оркестарот на некоја политичка партија е раштиман, тогаш: или солистите се аматери и самоуки свирачи или лидерот како диригент на оркестарот, не ги познава нотите.

-Постојат мизогински луѓе кои имаат предрасуди кон женскиот пол и ги мразат сите жени и луѓе …кои ја мразат само својата.

-Како во животот, така и во шахот, исклучително јак потег е кога ќе успеете да ја освоите противничката Дама.

Афористичар Никола Бошков Коки

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.